ИСЧЕЗНА СПОМЕНИКОТ НА БРУС ЛИ ВО МОСТАР, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е

Сараево, (Н1)

Исчезна споменикот на кунг фу мајсторот Брус Ли во Мостар и босанските медиуми пишуваат дека никој не знае каде е, ниту кој го отстранил. „Н1 Сараево“ објави дека градските власти и комуналното претпријатие на Мостар тврдат дека немаат никаква врска со отстранувањето на статуата.

И министерството за внатрешни работи кажа дека засега нема никакви официјални информации за овој несекојдневен настан.

Споменикот на Брус Ли, кој национално нема никакви допирни точки со овие краишта, беше поставен во 2005 во паркот Зрињевац, на идеја на групата „Урбано движење на Мостар“. Уште првата ноќ по беа украдени нунчаките, а статуата еднаш беше тргната од паркот откако во повеќе наврати беше оштетена. Брус Ли беше вратен на своето место по седум и пол години.

(Фото: Шатерсток)