Глувчешки елен, за кој науката со децении веруваше дека е исчезнат, е снимен од камери поставени во шума во јужен Виетнам.
Ова животно со големина на зајак е снимено во природа првпат по речиси 30 години од неговото последно видување.
„Немавме идеја што да очекуваме и бевме изненадени и пресреќни откако ги проверивме камерите и ги видовме снимките од глувчешки елен со сребрен грб. Ова откритие е мал чекор кон тоа да се обезбедиме да не го изгубиме пак“, изјави Ан Нгујен, научник и истражувач од Global Wildlife Conservation.
И покрај своето име, глувчешки елен не е ни глушец, ни елен, туку важи за најмал копитар на светот.