На плоштадот во населбата Чашка поставена е галеријата „Под отворено небо“ со групна изложба на 12 автори. Со ова е одбележано тригодишно постоење на организаторот Здружението за децентрализација, истражување и промоција на културата „Децентрала“ од Велес. Дел од уметниците биле поканети да учествуваат, а дел избрани преку јавен повик со цел поттикнување на транспарентноста и еднакви можности за сите заинтересирани автори. Поставена е на плоштадот на населба Чашка, на ѕидната површина на градинката „Бамби“.
Оваа изложба е финансирана од Министерството за култура преку годишната програма.
П. ПЕЧКОВ