ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА СОЗДАДЕ МАЈОНЕЗ ШТО СЕ ПИЕ

Токио, (Јуроњуз)

Мајонезот е популарен додаток во јадењата во целиот свет, но Јапонците ја издигнаа љубовта кон него на повисоко ниво.

Добро познатиот јапонски ланец продавници „Лосон“ го лансираше „Nomu Mayo“, мајонез што се пие, опишувајќи го како „ладен пијалак што фанатиците по мајонез долго време го чекаа“. Сепак, на пакувањето е истакнато дека ова не е мајонез, туку пијалак на база на мајонез.

Една чаша од 200 милитри чини 198 јени, односно 1,30 долари.

Продажбата на производот засега е во пробна фаза, но ретко кој на интернет е воодушевен со идејата. Еден корисник на Икс кажа дека пијалакот е одвратен и има вкус на разводенет мајонез.

(Фото: Икс)