ГРУЗИСКИОТ ПИЈАНИСТ ДАВИД ХРИКУЛИ ЌЕ НАСТАПИ СО ФИЛХАРМОНИЈАТА НА КОНЦЕРТОТ „ЕХО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Грузискиот пијанист Давид Хрикули ќе настапи како солист на концертот „Ехо“ во Филхармонијата, кој ќе се одржи на 12 ноември од 20 часот. Со оркестарот ќе диригира францускиот маестро Сами Рашид.

На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов и Симфонијата бр. 4 во С-дур од Антон Брукнер.

Хрикули е роден во 2001 година, а музичкото образование го продолжил во Мадрид. Во 2025 беше финалист на престижниот Меѓународен пијано натпревар „Шопен“ во Варшава. Настапувал со реномирани оркестри во Европа и Израел.