„ЈУНИВЕРЗАЛ“ ГО НАДМИНА „ДИЗНИ“ СО ЗАРАБОТЕНИ РЕЧИСИ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО 2023

САД, (Вараети)

Благодарение на филмовите „Супер Марио“ и „Опенхајмер“, „Јуниверзал“ стана филмското студио со најголема заработка во 2023 година. Студиото лани објави 24 филмови кои заработија повеќе од 4,9 милијарди долари, надминувајќи го „Дизни“, кој заработи 4,8 милијарди.

Ова е првпат од 2015 година „Дизни“ да не ја понесе титулата филмско студио со најголема заработка. Исто така, „Дизни“ немаше ниеден филм вреден милијарда долари оваа година. Најуспешниот филм на овој филмски гигант и воедно единствен кој оствари значителен профит е „Чувари на галаксијата 3“, кој заработи 845 милиони долари.

„Дизни“ има проблем со високобуџетните филмови кои надминуваат 200 милиони долари, бидејќи не успеваат да ги покријат трошоците со остварената заработка.