КАЊЕ ВЕСТ ОБЈАВИ ИКОНА ОД КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Лос Анџелес, (Твитер)

Американскиот рапер Кање Вест денеска на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски. Без никакво објаснување, раперот одеднаш ги објави иконите на социјалната мрежа.

Пред три месеци, тој соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во ноември, но неговото име ќе биде на гласачкото ливче во само 12 од 50-те американски држави, откако беше одбиен или се повлече во останатите 38 држави.

Пред десет дена, раперот на Твитер објави видео како уринира врз Греми награда.