ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА НА КАЊЕ ВЕСТ ДОВЕДЕНА ВО ПРАШАЊЕ ОТКАКО И ПОЛСКА И ШВАЈЦАРИЈА МУ ГИ ОТКАЖАА КОНЦЕРТИТЕ

Лондон, (Гардијан)

Полска и Швајцарија ги откажаа претстојните концерти на Кање Вест поради неговите минати антисемитски коментари, со што се доведува во прашање неговата европска турнеја.

Швајцарскиот фудбалски клуб Базел, кој е одговорен за концертите и настаните што се одржуваат на неговиот стадион „Санкт Јакоб парк“, соопшти дека го одбил барањето на Вест да настапи таму во јуни. Во петокот, стадионот во Хожов, Полска, објави дека ќе го откаже концертот на Вест на 19 јуни, откако полското министерство за култура кажа дека се обидува да му забрани да настапува во земјата.

„Промоцијата на нацизмот од страна на Вест е во очигледна спротивност со вредностите на Полска. Вест отворено изјавува дека го сака Хитлер, ја промовира нацистичката идеологија и заработува пари продавајќи маици со свастика“, изјави полската министерка за култура Марта Ценковска.

Одлуките на Полска и Швајцарија следуваат откако беше откажан концертот на американскиот рапер во Марсеј, а Велика Британија му забрани да настапи на фестивал во Лондон во јули. Вест има закажано концерти и во Турција, Холандија, Италија, Шпанија и Португалија.

Откако претходно изјавуваше дека ги сака нацистите и дека му се воодушевува на Хитлер, Вест во јануари откупи цела страница во „Вол стрит џурнал“ за да објави дека не е нацист или антисемитист и дека ги сака Евреите.

(Фото: АП)