КОМАРЦИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ ОПАСНОСТ, ПА БИДЕТЕ УПОРНИ КОГА ГИ БРКАТЕ

Њујорк, (Мешабл)

Не поднесувате комарци? Тогаш, не престанувајте да ги бркате кога летаат околу вас.

Според една нова студија, комарците имаат способност да препознаваат човечки мириси и движења како мавтање со рацете, па бидејќи не сакаат да бидат смачкани, тие научиле да избегнуваат мирис на човек кој претставува закана.

Комарците, исто така, имаат омилен оброк и тоа е човечка крв. Уште подобро за нив ако сте испиле неколку чашки, бидејќи ги привлекува точно одреден тип на поединци.

Истражувачите од студијата ги изложиле инсектите на човечки мириси, шокови и вибрации, при што се дошло до заклучок дека тие 24 часа подоцна избрале контролиран мирис, место мирис на „вкусен“ човек, навестувајќи дека научиле да избегнуваат знаци на опасност.

Не е познато зошто некои луѓе привлекуваат комарци повеќе од други, но сега барем знаете дека може да помогне ако мавтате со рацете.

„За жал, не можеме да знаеме што ги привлекува комарците кон одреден човек. Поединец е составен од уникатен коктел од молекули, што вклучува комбинација од повеќе од 400 хемикалии. Сепак, знаеме дека комарците се способни да ги препознаат мирисите што ги испушта човек и да ги избегнуваат оние кои повеќе се бранат“, вели Клое Лахондер од Вирџинија тек, која работеше на студијата.

Комарците се најубиствените животни на светот и годишно предизвикуваат смрт на повеќе од 600.000 луѓе, ширејќи болести како маларија.