Прославениот американски комичар Луис Си Кеј призна дека обвинувањата за недолично сексуално однесување против него се точни.

Тој изјави дека ја злоупотребил својата позиција и дека не може да сфати колкава болка им предизвикал на други со тоа.

Непријатната случка со нивниот идол се случила пред 15 години. – Џулија Волов и Дена Гудмен (Фото: Гети)

„Овие приказни се точни. Тие ми се воодушевуваа, а јас ја злоупотребив таа моќ. Жалам за болката што им ја нанесов на моите колеги, пријатели, деца и мајка“, изјави Луис Си Кеј, кој често во своите настапи кажува шеги на тема мастурбација.

Пет жени, од кои четири се негови колешки комичарки, пред два дена открија дека Луис Си Кеј во одделни инциденти мастурбирал пред нив.

Дена Гудмен и Џулија Волов изјавија дека тој ги викнал во своја хотелска соба во 2002 година, по што ги соблекол панталоните и се самозадоволувал, додека Еби Шахнер сфатила дека тој мастурбира додека еднаш во 2003 година правеле муабет по телефон.

Поради овие обвинувања, неговиот најнов филм „Те сакам, тато“ беше повлечен од дистрибуција, иако имаше закажано премиера на 17 ноември.