Оскаровецот Кејси Афлек сними филм за односот помеѓу татко и ќерка во свет без жени, кој беше инспириран од неговата лична борба како самохран родител. Филмот „Светлото на мојот живот“ премиерно се прикажа на Берлинскиот фестивал.

Во филмот во негови режија, текст и продукција, Афлек игра човек кој ја изолира својата ќерка од општеството, во очаен обид да ја заштити од пандемија која е смртоносна за жените. Во оваа дистопија, таткото и ќерката, која е облечена како момче, планираат разни начини како да се скријат и да избегаат.

„Некои од идеите во филмот би можеле да се сметаат за феминистички, но мојата цел не беше да снимам филм со политичка порака. Тешко се адаптирам на животот како самохран родител, а идејата за филмот ја добив од разговорите со моите деца“, вели Афлек, кој се разведе во 2017, истата година кога освои Оскар.

Неколку колешки од негов претходен филм го обвинија Афлек за сексуално вознемирување, а тужбите беа спогодени надвор од судот. Афлек вели дека „Светлото на мојот живот“ настанал пред да почне движењето #MeToo.