СИМБОЛОТ НА ВОЈНАТА ВО СИРИЈА ПРЕТВОРЕН ВО ИНСТАЛАЦИЈА ВО БЕРЛИН

Берлин, (АП)

Уметник роден во Сирија постави три исправени автобуси до Бранденбуршката порта во Берлин, како инсталација која треба да ги евоцира спомените на страдањата на цивилите во војната во неговата татковина.
Инсталацијата „Споменик“ на Манаф Халбоуни ја претставува бариерата направена од автобуси, кои беа поставени на улица во северниот сириски град Алепо за да ги заштити жителите од снајперски оган.
Делото на Халбоуни беше поставено порано годинава пред катедралата Фрауенкирхе во Дрезден, која е симбол на обновата на градот по Втората светска војна. Тоа предизвика критики од екстремно десничарските групи.
Халбоуни рече дека симболиката на делото е „исто толку силна и во Берлин“.
„Мислам дека е многу важно дискусијата да продолжи, особено во главниот град“, кажа тој.