КОНЦЕРТ НА ВЕРОНИКА КАРАКОЛЕВА И ФРОСИНА ЏИНИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (13 август) во Велес концерт ќе одржат Вероника Караколева (сопран) и Фросина Џини на пијано. Концертот е закажан за 20 часот во Ликовниот салон.

Тие ќе изведат италијански арии од Маскањи и композиции од Хаце, Скаловски и Шуберт.

Концертот е дел од содржините на Велешко лето, а влезот е бесплатен.