Денеска (24 октомври) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во придружба на пијанистот Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен.
Леонардо Димоски е роден во 2004 во Битола. Музичкото образование го започнал на шест години во Прилеп, средното музичко го завршил во Битола, а студирал во Виена. Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари.
Шкељзен Бафтиари дипломирал со највисока оценка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Борис Романов и завршил постдипломски студии во класата на Симон Трпчески, со кој има добра соработка.