КУЧИЊАТА СЕ НАЈСТАРИОТ ЧОВЕКОВ ПРИДРУЖНИК, ПОКАЖА НОВА ДНК АНАЛИЗА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ново истражување на кучешката ДНК покажува дека човековиот најдобар пријател во исто време би можел да биде и најстар.

Анализите покажуваат дека припитомувањето кучиња почнало уште пред 11.000 години, на крајот на Ледено доба. Ова докажува дека тие биле припитомувани пред кое било друго животно.

Кучињата биле широко распространети низ западната хемисфера во тоа време и веќе биле поделени во пет различни раси. И покрај експанзијата на европските кучиња во колонијалната ера, траги на овие древни домородни кучешки раси преживеале до денес во Америка, Азија, Африка и Океанија.

„Во времето кога сите луѓе сè уште биле ловци и собирачи, тие припитомиле див месојад. Волците се доста страшни во сите делови од светот. Останува прашањето зошто и како го направиле тоа“, вели Понтус Скоглунд од лондонскиот институт Крик, еден од авторите на студијата.