ЛОВЦИ НА ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА – СО ЧАСОВИ СТОЈАТ НА СТУД ЗА ДА ГО СНИМАТ ФЕНОМЕНОТ

Абердин, (Би-Би-Си)

Некои луѓе се подготвени со часови да стојат на смрзнувачки ноќен студ само за да ја видат и снимат поларната светлина. Мишел Каминг вели дека е опседната со овој феномен откако првпат го видела во живо во септември 2020.

Таа ноќ ме воодушеви. Поларната светлина не само што правеше шоу, туку и танцуваше“, вели Каминг.

Поларна светлина или аурора бореалис е природен феномен предизвикан од геомагнетните бури на Сонцето. Есенски и зимски ноќи нудат најдобри услови за нејзино појавување, при што небото мора да е чисто. Постојат сајтови, апликации и групи на социјални мрежи кои даваат прогнози и предупредувања кога би можела да се случи.

Во Европа, поларната светлина може да се набљудува од Исланд, Гренланд, Норвешка, Шведска, Финска, Русија и Велика Британија.

Првпат видов аурора во 1986 додека возев автобус во Шкотска. Запрев за да можат патниците да ја видат. Во изминатите шест години се посветив на фотографирањето на поларната светлина. Понекогаш стојам на смрзнувачки температури од четири до шест часа и само чекам и гледам. Мора да се биде трпелив“, вели Џеки Мареј.

Сончевата активност која стои зад поларната светлина достигнува врв во циклуси од околу 11 години.

Поларната светлина е прекрасна глетка и доказ колку убаво е создаден светот. Понекогаш останувам надвор три-четири часа и ја чекам. Понекогаш го исполнува целото небо и остануваш хипнотизиран од танцувачките светла“, вели Давид Гиршевски од Абердин.