„СОЛАРНО ЦУНАМИ“ СОЗДАДЕ СПЕКТАКУЛАРНИ ПОЛАРНИ СВЕТЛИНИ НА НОВ ЗЕЛАНД

Нов Зеланд, (Гардијан)

Нов Зеланд сведочеше на „соларно цунами“ од активности во вселената, па поларната светлина се појави и во градови кои вообичаено не можат да уживаат во овој природен феномен.

На социјалните мрежи се појавија бројни снимки од виолетова, зелена и портокалова светлина над ридовите во Крајстчрч, Велингтон и Окленд. Поради невообичаено високите нивоа на активност на сончевата бура, аурора аустралис беше видлива и многу подалеку на север, дури и во градовите со големо светлосно загадување.

Забележаните големи поместувања во магнетното поле предизвикаа необични аурори во северната полутопка, при што тие биле регистрирани во Ирска, делови од Велика Британија и во 30-ина американски сојузни држави.