МЕЛБУРН – НАЈГОЛЕМИОТ ГРАД НА СВЕТОТ КОЈ СЕ НАОЃА ВО КАРАНТИН

Мечбурн, (Би-Би-Си)

Со пет милиони жители, Мелбурн моментално е најголемиот град на светот кој се наоѓа во строг карантин. Оваа мерка стапи на сила вчера на полноќ по локално време, откако претходниот ден биле регистрирани рекордни 191 нов случај на коронавирус.

Второто затворање на градот ќе биде потешко од првото, имајќи предвид дека само што ги имавме укинато рестриктивните мерки. Сепак, жителите на Мелбурн покажаа дека се способни да ги следат правилата“, изјавија здравствените власти.

Улиците на Мелбурн се повторно празни

Овој карантин ќе трае шест недели и значи дека жителите ќе смеат да излегуваат од дома само од суштински причини, како купување намирници и лекови, одење на работа и рекреација.

Во градот има повеќе од 850 активни случаи на коронавирус, што е пораст од речиси 800 за период од еден месец. За спроведувањето на карантинот ќе се грижат илјада полицајци и војници, кои, како што беше кажано, ќе постават „челичен прстен“ околу градот. 

Ќе ги проверуваме луѓето секаде и во секое време, ќе се погрижиме да се почитуваат препораките. Ако немате причина за излегување, ќе бидете вратени дома. Сме го правеле веќе ова и луѓето знаат што да очекуваат“, кажа шефот на полицијата Шејн Патон.