МЛАДИ МУЗИЧАРИ СВИРЕА ДЕЛА ОД ТОМА ПРОШЕВ НА КОНЦЕРТ ВО ЗАГРЕБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонскиот културен центар во Загреб се одржа концерт посветен на македонско-хрватскиот композитор Тома Прошев по повод 30-годишнината од неговата смрт. На концертот насловен „Од класицизам до македонизам“  настапи квартетот „Стригендо“.

Во квартетот свират Љубица Делева-Поповска и Олгица Шундиќ на виолина, Љупка Каевиќ на виолончело и Наташа Лазаревска на обоа.

За композиторот Тома Прошев зборуваа неговата ќерка, професорката Борјана Прошев-Оливер и неговиот најстар внук, композиторот, музиколог и професор Томислав Оливер. Дела од Прошев свиреа и студентите на Музичката академија во Загреб од Македонија, Виктор Рафајловски, Андреа Николовска и внукот на Прошев, Борјан Оливер.

На настанот присуствува и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, членовите на семејството на Прошев и други. Концертот го организираа македонскиот КИЦ во Загреб и Советот на македонското национално малцинство на Загреб.