МОНПЕЛЈЕ ВОВЕДЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СВОИTE ЖИТЕЛИ

Париз, (АФП)

Францускиот град Монпелје им дозволи на своите жители бесплатно да го користат јавниот превоз.

Луксембург во 2020 стана првата земја на светот која воведе целосно бесплатен јавен превоз, а оваа година, и главниот град на Естонија, Талин, донесе ваква одлука за своите жители.

Од вчера, жителите на Монпелје со специјална пропусница можат да се возат бесплатно со автобус и трамвај низ градот. Туристите и посетителите и натаму ќе плаќаат карта од 1,60 евра за едно возење.

Градоначалникот Микаел Делафос вети дека ќе воведе бесплатен јавен превоз кога победи на изборите во 2020. Тој прво воведе бесплатни возења за викенди, што потоа им беше овозможено на помладите од 18 и на постарите од 65 години преку цела недела.

(Фото: СДК.МК)