НА 19 МАЈ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ – ЖИВОТНА ПРИКАЗНА“ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

На 19 мај во 12 часот во Музејот на Македонија ќе биде промовирана книгата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Промоцијата е во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај.

Автор на публикацијата е Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде Данијела Трајкова-Крстиќ, виш кустос- историчар во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

„Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.