Пловечка маса на морска трева што се протега од Западна Африка до Мексиканскиот Залив сега е најголемото цутење на микроалги досега забележано, покажуваат сателитските набљудувања. Првпат регистрирана во 2011 година, научниците сметаат дека експлозијата на алги во Тихиот Океан и во Карипското Море би можела да стане редовна годишна појава.

Иако шири непријатна миризба и има преплавено плажи, научниците велат дека таа би можела да го поттикне морскиот живот, обезбедувајќи живеалиште за риби, птици и желки.

Почнувајќи од јуни 2018, Големиот Атлантски Појас на саргасум, како што го викаат научниците, се прошири на 8.850 километри, при што се создаде биомаса тешка 20 милиони тони.

„Хемијата на океанот несомнено е променета штом цутењето толку е излезено од контрола. Ова несомнено е поврзано со климатските промени, бидејќи се одразува врз врнежите и циркулацијата на океаните, па дури и на човечките активности, но она што го заклучивме е дека ова цутење не се случува поради зголемената температура на водата. Таа веројатно е тука за да остане“, вели поморскиот биолог Чуанмин Ху од Универзитетот Јужна Флорида.

Резултатите покажуваат дека меѓу 2000 и 2010 година имало малку морска трева во централниот Атлантик, а првото големо цутење се појавило во 2011.