НАСА објави фотографии одблизу од меѓуѕвездената комета која е на брзо еднократно минување низ Сончевиот систем.
Откриена летово, кометата позната како 3И/Атлас е само третиот потврден објект што го посетил нашиот агол од космосот од друг ѕвезден систем. Минатиот месец, таа безопасно помина покрај Марс.
Три летала на НАСА на и во близина на Марс ја зумирале кометата додека таа минувала на 29 милиони километри оддалеченост, покажувајќи матна бела точка. Двата сателита на Европската вселенска агенција околу Марс исто така направиле набљудувања.
Кометата е видлива од Земјата рано наутро со помош на двоглед или телескоп. Најблиску што ќе дојде до Земјата е 269 милиони километри во средината на декември. Потоа ќе замине со голема брзина во меѓуѕвездениот простор и никогаш нема да се врати.
(Фото: АП)