НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ОРГАНИЗИРА ПЕШАЧКА ТУРА „100 ЖЕНИ НА ПЕЛИСТЕР“ НА 8 МАРТ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на Меѓународниот ден на жената, Националниот парк „Пелистер“ на 8 март го организира настанот „100 жени на Пелистер”, посветен на женската сила, природата и заедништвото.

За учесничките е планирана пешачка тура од хотелот „Молика” преку Историската патека до Инфо-центарот. За сите кои ќе се приклучат ќе има бесплатен превоз од Битола, храна и пијалаци. Поаѓањето од Битола е во 9 часот, а турата почнува еден час подоцна.

По пешачењето ќе се одржат презентација во Инфо-центарот на Пелистер и кратко инспиративно предавање за потребата на жената да се движи и да се поврзе со природата.

Ж. ЗДРАВКОВСКА