Колумбиските власти биле принудени да преместат полициско куче одговорно за откривање неколку тона кокаин, откако наркокартел понудил 7.000 долари за негова ликвидација.

Понудата дошла од моќниот Заливски картел, попознат под името Усугас, кој ја уценил главата на шестгодишниот германски овчар Сомбра, што на шпански значи сенка. За да го заштити, полицијата го преместила од пристанишниот град Турбо во Богота, кадешто отсега ќе работи на меѓународниот аеродром.

Нејзиното чувство за мирис е над сите други кучиња. Ние сме одговорни за нејзина заштита“, изјави офицерот Хосе Рохас, кој секогаш ја придружува Сомбра.

Сомбра му има нанесено огромни загуби на картелот, вклучувајќи ја и пратката од пет тона кокаин, наменет за Европа, што бил сокриен меѓу банани. Благодарение на Сомбра, полицијата досега извршила над 245 апсења поврзани со дрога.

Сомбра стана терор за криминалните организации“, напиша весникот „Ел Еспектадор“.