Kонцерт, диџеј сет и проекција на документарен филм се на програмата на третата вечер на 21. издание на Офф-фест, која ќе се одржи во Младински културен центар.

Централниот настан е настапот на колумбиската инструментална супергрупа „Лос Пирањас“, кој почнува во 21 часот. Ова трио ги спојува ритмите и звуците на Јужна Америка со рок, даб и џез, со што се добива уникатна егзотична импровизација.

Од 20 часот во кино Фросина ќе се прикаже документарниот филм „Кралевите на румбата“, посветен на конгоанската румба, а вечерта ќе заврши со изненадувачкиот диџеј настап на Марио Галеано, еден од членовите на „Лос Пирањас“.