НОБЕЛОВКАТА МАЛАЛА НАПАДНАТА ОТИ НОСЕЛА ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ШТИКЛИ

Лондон, (Мирор)

Дваесетгодишната нобеловка и активистка за правата на жените, Малала Јусафзаи, беше жестоко нападната затоа што носеше „тесни фармерки и штикли“, место исламска облека, на Универзитетот Оксфорд.

Таа беше критикувана, откако пакистанскиот медиум „Сиасат.пк“ објави неформална фотографија во саботата, коментирајќи ја нејзината гардероба. Некои луѓе дури почнаа да ја споредуваат со порноѕвездата Мија Калифа, иако таа носи шамија, и тоа уште од првиот ден кога стигнала во Британија.

Малала е добитничка на Нобелова награда за мир и моментално студира на Универзитетот за филозофија, политика и економија Расел Груп.