НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ОД ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва (24 декември) од 18 часот на сцената на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на учениците од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.

На програмата се дела од Шопен, Шостакович, Менделсон, Чајковски, Вивалди, традицонални божикни и новогодишни песни.

Настап ќе има и Хорот од училиштето како и оркестарот на традиционални народни инструменти. За овој концерт, кој се одржува традиционално пред Нова година и Божик, има голем интерес и секогаш е пред полно гледалиште.

П. ПЕЧКОВ