НОВОГОДИШНО УКРАСЕНИ ОЛДТАЈМЕРИ ПО ПЕТТИ ПАТ ДЕФИЛИРАА НИЗ СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Вчера (сабота), во Скопје ќе се одржа петтото новогодишно возно дефиле на олдтајмер автомобили од повеќе клубови.
Автомобилите беа новогодишно украсени (Фото: К. Попов)

Низ градот дефилираа дваесетина возила, од сопственици на ретро-автомобили од Скопје, Куманово и од Велес. Возното дефиле почна од Зоолошката градина, и се движеше преку центарот на Скопје до булеварот Јане Сандански во Аеродром.

Низ градот дефилираа дваесетина возила, од сопственици на ретро-автомобили (Фото: К. Попов)
Најстари меѓу изложените возила беа две „Фолксваген буби“ произведени во 1967 година. Автомобилите беа новогодишно украсени, што привлече внимание кај посетителите на дефилето.