Вечерва (29 октомври) од 20 часот, на големата сцена на Велешкиот театар ќе се игра претставата „Агамемнон – кругот на крвта“, продукција на експерименталниот театар „Ла Мама“ од Њујорк. Co неа ќе биде отворен 22. Фестивал на античка драма „Стоби“. Концептот, адаптацијата и режијата во претставата се на Рефика Чавише, која и е сама на сцената како единствен актер.
Овој сценски проект спојува класична драматургија, политичка дискурзија и мултимедијални елементи за да ги испита циклусите на војна, насилство и морална одговорност.
По светската премиера во 2024 во Њујорк, претставата ја започна европската турнеја во Атина, а Велес е втората дестинација. Претставата се игра на англиски јазик.
П. ПЕЧКОВ