Младите танчари од клубот „Денсерс јунајтед“ од Скопје освоија осум први и девет втори места во различни категори на меѓународниот натпревар Светски куп на Италија, кој се одржа во Лењано, под покровителство на Светската уметничка танцова федерација.

„Светскиот куп во латиноамерикански танци собира натпреварувачи од различни земји, а присуството на македонски претставници е значаен успех за домашната танцова сцена. Клубот ја претстави Македонија со висок степен на професионалност и посветеност. Настапите на младите танчари беа проследени со позитивни реакции и претставуваат потврда за континуираната работа и развој на клубот. Настапија 23-ца танчaри“, велат од клубот „Денсерс јунајтед“.