ОСВОЈУВАЧОТ НА ЏЕКПОТОТ НА ЕВРОПСКАТА ЛОТАРИЈА СЕГА Е ПОБОГАТ ОД ЕД ШИРАН И АДЕЛ

Лондон, (Би-Би-Си)

Анонимниот добитник од Велика Британија кој сам го освои џекпотот на европската лотарија „Јуромилионс“ сега е побогат од некои од најпознатите британски поп ѕвезди.

Националната лотарија на Велика Британија објави дека џекпотот од 170.221.000 фунти бил погоден од само еден сопственик на тикет, но засега не е познато дали станува збор за поединец, семејство или за група.

Доколку добитникот е поединец, тој автоматски ќе влезе во листата на 1.000 најбогати луѓе кои живеат во Британија или имаат деловни врски со неа. Меѓу попознатите имиња што ќе ги надмине се пејачите Том Џонс (165 милиони фунти), Ед Ширан (160) и Адел (150).

Тикетите за „Јуромилионс“ се продаваат во девет држави од Европската Унија.