Научниците објавија дека откриле фосил на најстарата позната модерна птица на светот – минијатурно суштество двојно помало од дива патка.

Наречена „чудесно пиле“, остатоците се пронајдени во карпи чија старост е проценета на 66,8-66,7 милиони години, откривајќи дека птицата била активна непосредно пред ударот на астероид да ги збрише диносаурусите, што се случило пред 66 милиони години.

„Ова е најстариот доказ на модерни птици досега пронајден“, изјави палеонтологот Даниел Филд од Универзитетот Кембриџ.

Модерните птици еволуирале од месојадни тероподни диносауруси. Нејасно е кога точно се појавиле, но се проценува дека тоа било во периодот пред 110 до 85-70 милиони години.

„Овој фосил е најблиску до предците на две големи групи на денешни птици: една од која произлегле кокошки и нивни сродници и другата од која произлегле патки и нивни сродници“, вели Филд.

Најстарата птица досега беше вегавис, чии 66,5 милиони години стари остатоци се пронајдени на Антарктик.