Лос Анџелес ќе биде првиот град каде што отворањето на Олимписки игри ќе се одржи на два стадиона. Организаторите објавија дека отворањето ќе се одвива на стадионите „Меморијал Колисеум“ и „СоФај“ на 14 јули 2028.
Церемонијата на затворањето ќе се одржи на 30 јули на „Колисеум“ (фото), кој со тоа ќе стане првиот стадион кој бил домаќин на натпреварите од три ОИ, по оние во 1932 и 1984.
„Стадионите избрани за отворањето и затворањето на ОИ ги нагласуваат богатата спортска историја на Лос Анџелес и нашата напредна иднина. Двата стадиона ќе создадат незаборавно искуство“, изјави претседателот на организацискиот комитет на ОИ 2028, Кејси Васерман.
Засега не се познати деталите како ќе се користат двата стадиона за отворањето.
Крикет, лакрос и сквош се враќаат во програмата на ОИ, додека флег фудбал ќе дебитира.
(Фото: Гети)