ВО СКОПЈЕ ПОЧНА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ТАНЦ СО НАД 2.900 УЧЕСНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Скопје започна Европското првенство во танц на Меѓународната танцова организација, кое до 29 септември ќе се одржува во „Т Арената“. Учествуваат повеќе од 2.900 танчари од европските земји, кои се натпреваруваат во различни танцови дисциплини и категории.

Еден од централните настани ќе биде парадата на нациите на 25 септември од 14:30 часот, кога учесниците ќе ги претстават своите земји.