Комичарот Пеѓа Бајовиќ вечерва (22 јули) има стендап настап на Велешко лето. Ќе се одржи од 21 часот во амфитеатарот на Младински парк, а влезот е слободен.
Бајовиќ има летна турнеја со која одбележува 20 години работа, а Велес е една од станиците. Во текот на кариерата, која ја започнал во 2005, има настапено во 50-ина држави и стотина градови.