ПОЧНУВА НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМ ВО СОФИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 27 јануари, во киното „Одено“ во Софија ќе се одржува Недела на македонски филм, во организација на Кинотеката на Македонија.

Програмата е составена главно од филмови направени во изминатите 15 години: „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска, „Џган“ на Вардан Тозија, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Пепи и Муто“ на Георги Унковски и „Види ја ти неа“ на Горан Столевски.

„Освен ветеранот Попов со ‘Џипси меџик’, останатите автори застапени во Неделата на македонски филм се дел од новата генерација филмски творци“, велат од Кинотеката.