Педесетина поети, учесници на Струшките вечери на поезијата читаа поезија во винарската визба „Тиквеш“, која годинава прославува 140 години постоење, Покрај традиционалното поетско читање, учесниците на СВП уживаа и во врвните вина на компанијата, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното што тие имаа прилика да ги напишат на етикетите од посебна едиција вина „Луда Мара“ на „Тиквеш“.
„За нас во ‘Тиквеш’ е огромна чест што сме поддржувачи на еден од најзначајните културни настани во земјава. Виното и поезијата имаат заедничка нота, и двете се создаваат со љубов, инспирација и страст. Ние сме посебно горди што нашите вина се составен дел од Струшките вечери на поезијата. Веруваме дека културата и уметноста се темелите врз кои опстојува едно општество, а нашата поддршка е израз на долгогодишната посветеност кон вредностите кои нè поврзуваат“, велат од „Тиквеш“.
Особен интерес предизвика годинашниов лауреат на СВП, Иван Штрпка, истакнат словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач. Гостите имаа прилика да се запознаат со долгата и богата винска историја на регионот, како и да ја разгледаат винаријата.
Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како резултат на долгогодишните партнерство и поддршка на компанијата на оваа манифестација.