Претставата „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци, во режија на Кокан Младеновиќ, денеска (8 октомври) ќе се изведе во Сараево во рамките на детската програма на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС.
Во претставата играат Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска, а текстот е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан-Николоски, Димитрије Коканов и на актерската екипа.
Драматурзи се Коканов и Лукан-Николоски, сценограф е Кирил Василев, костимографка е Александра Пециќ-Младеновиќ, композитор е Лука Кантарџиев, а Никола Ристески заедно со актерската екипа се автори на текстовите за музиката. Кореографка е Олга Панго.
„Франкенштајн“ е современа сценска адаптација која ги спојува естетиката на куклениот театар, живата изведба и музичко-поетската експресија.