ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА „НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ.“, ЕДЕН ДЕНАР ОД СЕКОЕ ПРОДАДЕНО „СКОПСКО“ ЌЕ ОДИ ЗА ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ОБЕЛЕЖЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Пивара Скопје“ објави дека продолжува со активностите во рамките на долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, чија цел е заштита на животната средина и националните обележја. Во годината во која брендот „Скопско“ одбележува 100 години постоење, веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња „скопско“ и „смут“, при што еден денар од секое продадено шише ќе биде наменет за организирање акции и за инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад.

„Продолжува нашата посветеност кон зачувување на нашите природни убавини. Фокусот на ‘Скопско‘ како бренд е да ја поддржи заедницата и да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културните обележја на нашата земја“, вели Марта Завкова, сениор бренд менаџерка за „Скопско“ во „Пивара Скопје“.

Минатата година во рамките на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и на крајбрежјето и беа поставени пловни препреки на реките Сатеска и Даљан.

Фото: Од ланската акција на чистење на охридското крајбрежје