СРПСКИОТ ЧЕЛИСТ ДРАГАН ЃОРЃЕВИЌ ГОСТУВА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 22 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (22 февруари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Венецуела.

На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.