Во Кинотеката на Македонија на 27 февруари од 19 часот ќе биде промовирана книгата „70 години македонски филмски плакат 1952-2022“ од авторите Владимир Величковски и Валентино Димитровски.
Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнати плакати креирани во периодот од 1952 до 2022, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. Книгата ќе ја промовираат Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, а ќе има и изложба на македонски филмски плакати.
„Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Публикацијата е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз“, велат од Кинотеката.