РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАГРОЗЕНИ ЖЕЛКИ СЕ ИЗВЕЛЕ НА ПЛАЖА ВО МЕКСИКО

Мексико Сити, (Би-Би-Си)

Рекорден број желки од загрозен вид се извеле на плажа во Мексико и се верува дека тоа се должи на намалените човечки активности поради пандемијата на коронавирусот.

Домородната заедница Сери од северната сојузна држава Сонора објави дека пуштила повеќе од 2.250 бебиња маслинови ридлеи во Калифорнискиот Залив, додавајќи дека нивниот број во изминатите години секогаш бил околу 500.

Овој вид на морски желки, кој се води како загрозен низ цел свет, ги положува јајцата на плажите во Мексико меѓу мај и септември.

Мексико го забрани ловот на морски желки во 1990, за што се предвидени и високи казни.