РЕТРОСПЕКТИВА НА ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ СО НАД 100 ДЕЛА ВО ЧИФТЕ АМАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 18:30 часот, Националната галерија во објектот Чифте амам ќе го претстави ретроспективниот опус на сликарот Павле Кузмановски. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври.

Големата изложба ќе опфати преку сто експонати, портрети на истакнати и знаменити личности, цртежи, мртва природа, акварели, познатите Менади, сведоци, Апокалипсата.

Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Северна Македонија.

„Пораката која ја упатува Кузмановски со оваа изложба е дека естетското освојување на светот е единствената можност вистински да се хуманизира денешнава цивилизација“, вели Маленков.