РОБИ ВИЛИЈАМС ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА МУНДИЈАЛОТ

Москва, (Дејли мејл)

Роби Вилијамс беше поканет како главна ѕвезда на церемонијата на отворањето на Светското фудбалско првенство во Русија, па му покажа среден прст на милионскиот аудиториум, кој го следеше ТВ-преносот од стадионот „Лужники“ во Москва.

Британската поп-ѕвезда отпеа три свои песни и изгледаше дека добро се забавува, но ги разбесни фудбалските фанови кога покажа среден прст кон камерата, додека го напушташе теренот.

Ова беше видено и на големиот екран на стадионот, но уште повеќе, од целиот свет, бидејќи се проценува дека милијарда луѓе го гледале отворањето.

Експерти велат дека Вилијамс би можел да биде уапсен за ова и да плати казна од 6.000 фунти, ако се докаже дека гестот имал за цел да навреди.

Вилијамс веќе беше критикуван во Велика Британија што се согласил да пее на отворањето. Кралското семејство и највисоките функционери го откажаа доаѓањето во Москва, во знак на протест поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.