ИНДИСКИОТ ПРЕМИЕР ОБЈАВИ ФИТНЕС ВИДЕО СО УТРИНСКИ ВЕЖБИ

Њу Делхи, (АФП)

Индискиот премиер Нарендра Моди ги сподели тајните од неговиот утрински фитнес режим, во видео кое беше објавено на Интернет, а во кое ги промовира освежувачките и подмладувачки придобивки од вежбањето во природа и од медитацијата.

Моди го следи трендот на домашни мотивациски фитнес видеа од познати Индијци, вклучувајќи го и капитенот на крикет репрезентацијата, Вират Коли.

„Ова е исклучително освежувачки. Вежбам вежби за дишење”, вели премиерот во видеото

Во земјата со 1,25 милијарди жители, целта е да им се помогне на граѓаните да се справат со дебелината и со лошото здравје.

Моди (67) ги повика Индијците да го следат неговиот пример, во еден од клиповите снимен во раскошната градина во неговата резиденција во Њу Делхи. Видеото беше прегледано речиси 200.000 пати во првите неколку часа.

Во еден клип, Моди, облечен во црна спортска облека, се истегнува на голем камен, со рацете споени во поза на молитва.

„Ова е исклучително освежувачки. Вежбам вежби за дишење”, вели премиерот во видеото.

И покрај спокојството прикажано во дворот на Моди, експертите честопати ги предупредија Индијците да не вежбаат на отворено во Њу Делхи и во други поголеми градови поради загадениот воздух.

Владините министри ги пофалија заложбите на Моди и неговите „неприкосновени нивоа на енергија”.