Една шкотска слаткарница создаде нов и, според многумина, најодвратен вкус на сладолед досега.
„Ајс Фалкирк“ објави дека подготвила рецепт за сладолед, што ја содржи аромата на мајонезот на „Хелманс“, што предизвика остра дебата на социјалните мрежи, но, главно, никој не е воодушевен.
Во тоа не помогна ниту сопственикот на „Ајс Фалкирк“, Кајл Џентлмен, кога го опиша вкусот на новиот сладолед.
„Вкусот е интензивно мрсен и кремаст, следено од вкусот на млеко и јајца. Ова е идеално за зависниците од мајонез“, појасни Џентлмен.
Една порција ваков сладолед се продава по цена од 2,60 долари, а во понудата може да се најде и сладолед со вкус на енергетскиот пијалок „монстер“.