На 18 и 19 април, во Националната опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ќе се одржат шест претстави, по три во двата дена, од 11, 13 и од 19 часот.
„Омилените Поточиња, заедно со водителот Поки (актерот Мартин Јорданоски), подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат. По успешното издание ‘Поточиња 2025‘ и гостувања на детски манифестации во Македонија и Германија, оваа година треба да биде продолжение на успешната приказна, која со својот квалитет ги плени срцата на најмалите љубители на музиката“, велат организаторите.
Билетите по цена од 500 денари се во продажба преку мрежата МК Тикетс.