Откако помина цела деценија помагајќи им на заедниците низ светот погодени од катастрофи, Шон Пен се вклучи во борбата против коронавирусот поблиску до дома.
Неговата хуманитарна организација „CORE“ се здружи со кабинетот на градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, и со градската противпожарна служба за да обезбеди едноставни бесплатни тестирања на коронавирус на оние кои покажуваат симптоми. Тој исто така носи заштитна облека додека со својот тим вршат тестирања во неговиот роден град Малибу.
„Се надевам дека мојата програма ќе спаси животи. Имаме инфраструктура на неколку места и можевме брзо да се прилагодиме на задачата со соодветен тренинг од противпожарната служба на Лос Анџелес“, кажа двократниот оскаровец.
Од 30 март, „CORE“ има направено повеќе од 6.500 бесплатни тестирања и планира да ја прошири својата активност низ цел град.