СКОПСКА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕЗИЈАТА ОД ПИЈАН СЛАВЕЈ И СВИРКА НА „ФОЛТИН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19 часот, во кафулето „Цреша“ ќе се одржи скопската промоција на книгата поезија на Бранко Николов, пејачот на „Фолтин“. Николов ја напиша книгата „Креветизам и хоризонтала“ под псевдонимот Пијан Славеј.

Промоцијата ќе биде проследена со свирка на „Фолтин“.

Книгата ја издава „Прозарт медиа“. Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Книгата првично беше промовирана во јуни во Битола.